Loading Video...
Спорт плус
25. јуни 2021 - 10:03

Џудистката Арбреша Реџепи е осмиот македонскиот спортист на ЛОИ во Токио

Неполн месец до најголемиот светски спортски настан Летните Олимписки Игри во Токио, стигна потврда дека Македонија ќе биде претставувана од осуммина спортисти.
 
Македонскиот олимписки комитет (МОК) потврди дека џудистката Арбреша Реџепи ќе биде дел од македонската делегација на ЛОИ во Токио
 
Имено МОК потврдија дека Реџепи доби вајлд карта за настап на Олимпијадата, па таа на 25 јули ќе ја има својот настап на олимпиското борилиште. 
 
Претходно со изборена норма настап настап обезбедија теквондистот, 
Дејан Георгиевски и борачит Магомедгадџи Нуров , додека покрај Реџепи покани за настап (вајл карти) добија: атлетичарот Јован Стојоски ( 400 метри), каратистката Пулексенија Јованоска (кати) Борјан Бранковски од спортско стрелаштво (воздушен пиштол 10 м). 
 
Се очекува потврда од ФИНА уште за двајцата наши пливачи по еден во обете конкуренции, со тоа бројот на македонски спортисти кои ќе не претставуваат на најголемиот светски спортски настан сега изнесува осум.