Македонија
21. April 2017 - 16:26

Џудишал Воч се сомнева во финансирањето на организациите на Сорос

Ќе превземеме други мерки ако администрацијата на Стејт Департментот не ги обезбеди одговорите кои ги бараме, вака се заканија шестмината републикански сенатори кои побараа истрага за трошењето на парите од американските даночни обврзници преку мрежата на Сорос во Македонија и Албанија. Заканата ја пренесува весникот Дејли Сигнал.

-Сенаторот Ли не беше задоволен од писмото и верува дека прашањето на истрагата треба да биде ревидирано од државниот секретар Тилерсон. Доколку Стејт Департментот нема желба сериозно да се зафати со таа работа, ние ги разгледуваме опциите со кои ќе го истуркаме тоа прашање со други средства’, вели Кон Карол, портпарол на сенаторот Мајк Ли притоа не прецизирајќи за кои механизми се работи.

Инаку Стејт Департментот се соочува и со тужба за слободен пристап до информации поради одбивањето на невладината организација да и даде одговори во врска со финансирањето на организациите на СОРОС во Макеоднија. Во организацијата се сомневаат дека сумата од 5 милиони долари кои Фондацијата Сорос во Македонија ги добила до 2016-та, се потрошени за создавање конфликти и уривање на унитарноста на државата.

Инаку американската телевизија Фокс Њуз побара од Стејт Департментот коментар во врска со тужбата од Џудшл Воч но им е посочено дека не коментираат случаи кои се во судска постапка.