ЏСОЛ го врати Фени меѓу најзначајните двигатели на македонската економија | Сител Телевизија
Бизнис
13. јуни 2018 - 19:51

ЏСОЛ го врати Фени меѓу најзначајните двигатели на македонската економија

Фени се враќа како еден од најзначајните двигатели на економијата. Производството и извозот на комбинатот, за кој што се води стечајна постапка, бележат раст. Месечното производство надмина 1.000 тони фероникел и тоа само со една производна линија.

Менаџментот на компанијата со оптимистички прогнози. Доколку се одвива сè како што треба, во јули би требало да заврши стечајната постапка. Тоа ќе овозможи услови за нови инвестиции и ставање на втората производна линија во функција.

Вработените, кои во моментов изнесуваат околу 700, се задоволни од успешното рестартирање на производството и од редовните примања. Тие веќе не стравуваат за својата иднина.

Фени минуваше низ доста турбуленции изминатиот период. Во септември минатата година престана со производство, но печките постојано се одржуваа на минимум. Нивното гаснење ќе значеше крај, објаснуваат од компанијата.

Со пуштање на втората производна линија, се очекува Фени да произведува најмалку 20.000 тони фероникел годишно. Производството на комбинатот главно е наменето за странските пазари.