Џошуа: Ќе ја преспијам борбата меѓу Вајлдер и Фјури, Дионтеј треба да победи
Фановите на боксот ширум светот ги насочија погледите кон битката следната недела меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер. Во неа Американецот треба да ја брани титулата во ВБЦ, а тој е сметан за практично единствениот човек во тешка категорија, кој може да ја оспори хегемонијата на Ентони Џошуа.
Се очекува победникот од овој натпревар да се бори токму со Британецот за обединување на сите светски титули во професионалниот бокс. И затоа, мислењето на популарниот Еј Џеј за претстојниот спектакуларен судир е исклучително интересно. Но, се чини дека тој дури и нема да го гледа.
Натпреварот е в недела наутро по европско време. Тој ќе стартува околу 5:30-6:00 часот по македонско време, што автоматски е уште два часа назад во Велика Британија. И наместо да помине една непроспиена ноќ и да го гледа идниот ривал, кој и да е тој, Џошуа преферира да си поспие.
– Овој натпревар е премногу рано наутро за мене, па најверојатно ќе го преспијам. Имам потреба Вајлдер да победи. Зашто, ако победи Фјури, потоа ќе има и реванш, а тоа ќе ги наруши моите планови. Затоа сакам Вајлдер да победи. И потоа го чекам, рече Џошуа.
Ново на Сител
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори