Џет-Сет
22. October 2015 - 10:09

Џорџ Мајкл заработува пари и додека се одвикнува од дрога

Пејачот Џорџ Мајкл во моментов е во една од најскапите клиники во светот за лекување на зависност од дроги, во швајцарски Цирих.

- Нетрпеливо чека да се врати на музиката. Следната година ќе биде 30-годишнина од напуштањето на гурпата Wham и почетокот на соло кариера, изјави пријател на Џорџ Мајкл (52). Тој додаде дека пејачот, кој „тежи“ 150 милиони евра и не работејќи ништо, заработува по 5,25 милиони евра годишно, благодарение на приходите од авторски права и вештите инвестиции во музичката индустрија. Портпаролот на пејачот неодамна објави дека Мајкл ја победил зависноста и „сега е добро“.

- Гласините дека Џорџ се уште користи кокаин и крек  и се уште не раскрстил со дрогата ги шири неговиот роднина со кој не разговара повеќе од 18 години, вели портпаролот. Пејачот од грчко потекло во 1998 година беше уапсен во Лондон заради блуд во јавен тоалет под дејство на дрога. Заради поседување на различни видови дроги затворен е три пати, а дрогиран предизвикал судар.

- Пушам се помалку „трева“, седум или осум џоинти, а некогаш пушев и до 20 дневно, рече Џорџ пред неколку години. Откако ја излекува зависноста, планира да објави нов албум и размислува за собирање на групата Wham и покрај тоа што неговиот последен албум од 2014 година е продаден во едвај сто илјади примероци.