Џорџ Флојд и кажал на полицијата „Не можам да дишам“ повеќе од 20 пати
Новообјавените записи од последните минути од животот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, откриваат дека тој и кажал на полицијата „Не можам да дишам“ повеќе од 20 пати.
Флојд и кажал на полицијата „Не можам да дишам“ повеќе од 20 пати, а полицаецот обвинет за неговата смрт, Дерек Шовин го притиснал со колено неговиот врат и му кажал: „За да зборуваш потребно ти е многу кислород“.
Новите докази се објавени јавно, како дел од одбрана на еден од полицајците кој е вклучен во истрагата, Томас Лејн, обвинет за соучество во убиството на Флојд.
Новите записи покажуваат дека Флојд се обидел да соработува со полицијата и дека не се чувствува добро.
Новите документи вклучуваат 82 страници текст од полициска камера и 60 страници од сослушувањето на Лејн од страна на истражителите.
Шовин е обвинет за убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство. Лејн и уште двајца полицајци се обвинети за соучество, поттикнување на убиство од втор степен и убиство.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина