Свет
30. July 2019 - 23:23

Џонсон: Следниот чекор во преговорите за Брегзит е на ЕУ

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека следниот чекор во преговорите за Брегзит е на ЕУ.

Тој додаде дека не сака да го напушти европскиот блок без договор, но мора да се подготви на таков исход за секој случај.

– Ако не можат да направат компромис, доколку навистина не можат, тогаш најверојатно ние мораме да се подготвиме за излез без договор, истакна Џонсон за време на посетата на Велс, додавајќи дека „останува на ЕУ да одлучи доколку сака тоа да го направиме“.