Џонсон размислува за повторно воведување карантин во Велика Британија
Британскиот премиер Борис Џонсон размислува за повторно воведување карантин во земјата поради брзото зголемување на бројот на нови случаи со Ковид-19.
Според британските медиуми, бројот на нови инфекции во Велика Британија се зголемува за најмалку 6.000 дневно, а бројот на пациенти кои се примени во болница со Ковид-19 се удвојува на секои осум дена.
Се очекува главниот епидемиолошки експерт во Велика Британија,Крис Вити, на денешната прес-конференција да соопшти дека земјата е дојдена до критична точка во пандемијата пред многу предизвикувачката зима.
Министерот за транспорт Грант Шнапс претходно денеска изјави дека сите карантински мерки ќе треба да бидат добро избалансирани и дека на компаниите ќе треба да им се дозволи да функционираат за да може земјата економски да ја издржи пандемиската криза, а со работа ќе продолжат и училиштата.
Велика Британкија и официјално е прва земја во Европа според бројот на смртни случаи, а петта во светот – 41.777.
Ново на Сител
-
Македонија го чествува 8-ми декември- денот на Св. Климент Охридски
-
Верниците со присуство на литургија го одбележаа празникот
-
Различностите како предност за развој на општеството
-
Свети Климент Охридски - Патрон на МПЦ-ОА
-
Охрид го одбележува денот на својот заштитник
-
Голем интерес за вакцинација во Струмица и Валандово
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Зошто партиите не ги објавуваат претседателските кандидати порано, туку пред избори?