Свет
21. November 2017 - 20:26

Џонсон најверојатно во декември ќе ја посети Русија

Се очекува британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, да ја посети Русија до крајот на декември, а засега нема барање за средба со рускиот претседател Владимир Путин, изјави првиот заменик- министер за надворешни работи, Владимир Титов.

- Посетата најверојатно ќе се случи во последните 10 дена од декември, рече Титов.

Џонсон требаше да ја посети Русија во април, но неа ја одложи поради со нападот со хемиско оружје во Сирија.