Бизнис
3. October 2017 - 19:35

Џонсон Мети единствената компанија меѓу 100-те со најголеми приходи во ЈИЕ во 2016 година

Само една компанија од Македонија може да се трка со фирмите од регионот. Според последниот извештај на Ѕee news, само Џонсон мети е рангирана во првите 100 компании од регионот на југоисточна Европа.

Во рангирањето влегуваат првите 100 компании со најголемите приходи во 2016 година.  Џонсон мети е на 17 место на листата со приход од милијарда и 346 милиони евра приход. Во однос на 2015 година кога беше на 24 место, скопската команија забележала зголемување на приходите од 12% или околу 150 милиони евра.

На чело на оваа листа е романскиот производител на автобомили Дачиа со приход од 4 милијарди и 600 милио и евра, а следат компании од нафтениот сектор словенечки Петрол, ОМВ од Романија и Лукоил од Бугарија.

За разлика од компаниите од реалниот сектор кои не можат да се пробијат на листата 100 најдобри во регионот, на финансикиот сектор му оди солидно. Трите најголеми макеоднски банки котираат на средината на листата 100 со најголема актива во југоисточна Европа. Комерцијална е на 45 место, Стопанска Скопје на 52 и НЛБ на 60 место. Пет осигурителни компании се наоѓаат на листата најголеми според бруто премиите во 2016 година.

Во рангирањето кое се прави веќе десет години, вклучени се најголемите фирми од Молдавија, Романија, Бугарија, Македонија, Албанија,  Србија, Косово, Црна Гора, Босна, Хрватска и Словенија.