Кошарка
22. July 2020 - 8:58

Џонсон: Леброн треба да биде прогласен за МВП

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон напиша на Твитер дека Леброн Џејмс заслужува најмногу да биде прогласен за МВП (Највреден играч) за сезоната 2019/20 во НБА.

– Леброн Џејмс е дефинитивно МВП оваа сезона. Тој скоро оствари „трипл-дабл“ со просечни 25 поени, 10 асистенции и практично 8 скокови по натпревар. Неговата игра во одбрана е неверојатна и нема подобар лидер од него во спортот!, го сподели своето мислење поранешниот бек на „езерџиите“.

Токму Џонсон (60), кој исто така е поранешен претседател за кошаркарски операции на Лејкерси, го донесе Џејмс во Лејкерс во летото 2018 година.

Леброн, кој сега има 35 години, даде голем придонес за првото место на Лејкерс во Западната конференција во НБА лигата пред крајот на сезоната (49 победи-14 порази). Неговите просечни индикатори оваа сезона се: 25,7 поени (11-ти во лигата), 10,6 асистенции (прв во лигата) и 7,9 скокови (22-ри).