Бизнис
19. May 2016 - 8:29

Џонсон Контролс почнува изградба на фабрика во Струмица

Во Технолошко-индустриската развојна зона Струмица денеска ќе биде поставен камен - темелник за отпочнување на изградба на новата фабрика на Џонсон Контролс. 

Инвестицијата, според најавите од менаџментот, ќе изнесува 20 милиони долари и се очекува да бидат вработени околу 1.500 лица.

Со тоа вкупниот број на вработени во компанијата во Македонија ќе изнесува над 3.000.

На поставувањето на камен-темелникот ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, потпретседателот на ТРИМ единицата на Џонсон Контролс за Европа, Владимир Теплик и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо.