Бизнис
19. May 2016 - 16:18

Џонсон контролс почна со изградба на нова фабрика во ТИРЗ Струмица

Џонсон Контролс ја почна градбата на новата фабрика во Струмица. Инвестицијата тежи 20 милиони долари и до пролетта следната година кога се очекува да започне со работа фабриката треба да овозможи околу 1500 нови вработувања. За лидерот на ВМРО  ДПМНЕ Никола Груевски кој оваа инвестиција ја вети минатата година од  Струмица истата е многу значајна бидејќи ќе отвори голем број дирекнти, но исто така и повеќе индиректни вработувања.

,, Ова е многу значајна инвестиција за Струмица, прва од ваков поголем вид. Долго работевме на неа како економски тим во владата. Минатата година ја ветив тука во Струмица  и еве сега почнува реализацијата на делот што е гринфилд, односно изградба на нова фабрика. Треба да се вработат 1500 луѓе како директни вработувања, плус поголем број на луѓе како индиректни вработувања. Се очекува некаде до првиот квартал следната година кога треба и да се заврши објектот да се вработат околу 1300, а потоа уште околу 200 и напоменувам уште поголем број на индиректни вработувања, околу 20 милиони евра инвестиција.,, рече Никола Груевски – претседател на ВМРО ДПМНЕ

Во новиот производствен капацитет компанијата ќе шие делови за навлаки за автомобилски седишта наменети за европскиот пазар. Со ова Џонсон Контролс по отварањето на фабриката во Штип го проширува својот бизнис во државата со што овозможува вработување на над 3000 лица.

,, Кога прв пат започнавме со работа во Штип во 2012 година имаше одредени скептици, а сега само четири години подоцна јас можам да кажам дека постигнатиот успех ја потврди нашата одлука. Успешниот развој на нашата фабрика во Штип  од  тогаш и успешната соработка со македонската влада веќе неколку години наназад го подготвуваше нашиот пат за следниот чекор, а тоа е причината зошто сме денес во Струмица. Нам ни е навистина драго што тука во Македонија ја градиме нашата втора фабрика во индустриската зона во Струмица и се надеваме дека ќе продолжиме со овој позитивен развој.,, рече Владимир Теплик – потпретседател за операции во Џонсон Контролс

Покрај тоа што ќе овозможи околу 1500 директни вработувања, отварањето на новата фабрика на Џонсон Контролс  се очекува да биде мотив за привлекување на нови инвеститори во регионот кои исто така ќе изградат фабрики и ќе овозможат отварање на нови работни места.

,, Џонсон Контролс внесе многу свежина во стопанскиот живот во Штип и во околината. Фабриката влијаеше да се намали невработеноста, внесе нова конкуренција во дејноста, се покажа еден нов начин и организација на работа,   се имплементираа високи стандарди за заштита и мотивација на вработените, едноставно еден нов ветер во стопанството кој делуваше позитивно од секој аспект.,, рече Емил Димитриев – ретседател на Владата на Република Македонија

За вицепремиерот Владимир Пешевски партнерството на Владата и Џонсон Контролс е партнерство кое трае со години и кое е материјализирано преку инвестициите во зоните во Скопје, во Штип и сега со новата инвестиција во Струмица по чие што завршување Џонскон Контролс ќе стане еден од странските инвеститори со најмногу вработувања во државата.

,, Фактот дека Џонсон Контролс компанија која што е застапена во повеќе од 150 држави од светот и во чии што капацитети работат близу 160 000 вработени повеќе пати инвестира во свои капацитети во Македонија претставува еден вид доказ и ако сакате магнет за други компании да дојдат тука,  да видат какви се условите за инвестирање и да започнат со реализација своите инвестиции.,, истакна вицепремиерот Владимир Пешевски

Новата фабрика на Џонсон Контролс ќе се простира на површина од 13 000 метри квадратни и е првата фабрика која започна да се гради во технолошко индустриската зона во Струмица.

,, На одлуката за инвестирање и претходеше период на опсежни анализи, раговори, состаноци , но како резултат на успешноста на владините политики за подобрување на бизнис климата компанијата повторно ја избра Македонија како најповолна дестинација за реализирање на својата инвестиција во Југоисточна Европа.,, рече Виктор Мизо – директор на дирекцијата за ТИРЗ

Џонсон Контролс  кој има 150 000 вработени е глобален лидер во индустријата со разновидна технолгија кој опслужува клиенти во повеќе од 150 држави во светот. Со својата глобална способност компанијата  испорачува над 50 милиони автомобилски седишта на годишно ниво.