Бизнис
23. August 2016 - 16:26

Џонсон Контролс бара работници за новата фабрика

Џонсон Контролс бара вилушкаристи, механичари за одржување, eлекротехничари со или без работни искуство.  Компанијата почна со вработувања за новата фабрика во Струмица.

Од таму велат потребна е само желба за работа, а за сметка на тоа  Џонсон Контролс нуди безбедна и сигурна работна средина, редовна исплата на плати и надоместоци, бонуси и награди, храна и превоз, кариерен развој и личен напредок.

„Johnson Controls е посветен на еднаквост во вработувањето, диверзитет и инклузија во работната средина. За сите позиции бараме и машки и женски кандидати. Со нетрпение ја очекуваме вашата апликација, велат од компанијата. Огласот е отворен до 15 септемрви.

Камен темелникот за новата фабрика во Струмица беше поставен во мај годинава. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ тогаш изјави дека ова е прва голема инветсиција во овој регион.

„ Долго работевме на неа како економски тим во владата. Минатата година ја ветив тука во Струмица  и еве сега почнува реализацијата на делот што е гринфилд, односно изградба на нова фабрика. Треба да се вработат 1500 луѓе како директни вработувања, плус поголем број на луѓе како индиректни вработувања. Се очекува некаде до првиот квартал следната година кога треба и да се заврши објектот да се вработат околу 1300, а потоа уште околу 200 и напоменувам уште поголем број на индиректни вработувања, околу 20 милиони евра инвестиција “,  рече Никола Груевски – претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Во новиот производствен капацитет компанијата ќе шие делови за навлаки за автомобилски седишта наменети за европскиот пазар.

Ова е втора ваква фабрика во земјава по таа во Штип. Во двата капацитети ќе има над 3000 варботени.

Заради новите инветсиции расте вработнеотс,а производствто и извозот. Во 2014 година извозот од зоните изнесува 1,17 милијарди евра. Во 2015 се зголеми за 36%, а за шест месеци од оваа година бележи раст од над 20%. А, до август веќе надмина милјарда евра.