Свет
4. November 2020 - 15:38

Џонсон им вети целосна поддршка на британските претпријатија

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска вети дека ќе им даде целосна поддршка на британските претпријатија и ќе им помогне да закрепнат од последиците со кои се соочуваат поради пандемијата на Ковид-19.

– Ќе направиме се што е потребно да ја поддржиме британската економија, бидејќи знам дека, кога ќе дојде до закрепнување, а знам дека ќе дојде, тоа целосно ќе се случи благодарејќи на напорите на луѓето кои сега ме гледаат, истакна Џонсон во видео обраќањето на годишната конференција на Конфедерацијата на британската индустрија.