Свет
27. October 2017 - 18:08

Џонсон: ЕУ да постигне напредок во преговорите за Брегзит

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска ја повика Европската унија да постигне напредок во преговорите за Брегзит.

- Имам порака за нашите европски пријатели и партнери: дојде време да ги продолжиме преговорите и да преминеме кон втората фаза, изјави Џонсон за време на официјалната посета на Португалија.

Тој смета дека е очигледно оти треба да се постигне договор по ова прашање.

- Но, не можеме да го сториме тоа се додека продолжува доцнењето на преговорите со нашите европски партнери, рече Џонсон во Лисабон.