Џет-Сет
29. May 2016 - 10:09

Џони Деп од сон стана кошмар за жените- Физички ја малтретирал Амбер?

Џони Деп и Амбер Хард се разведуваат, а нивниот развод сега зема сосема нови размери, бидејќи со фото доказ Амбер ја покажа причината.

Имено, Амбер побарала забрана за приближување и го обвини Деп за семејно насилство, нудејќи како доказ фотографии на кои има модринки на лицето.amber-1

30-годишната актерка, преку својата адвокатка Саманта Спектор, приложила на суд фотографии од физичкото насилство и тврди дека Деп во неколку наврати бил насилен кон неа.

Според информациите кои протекоа во медиумите, Деп ја удрил со мобилен телефон, а веднаш по нападот ѝ понудил пари за да молчи за инцидентот.Херд, со која 52-годишниот актер беше во брак 15 месеци, поднесе документи за развод на 23 мај, само три дена откако почина неговата мајка.