-->
-->
Џони Деп го изгуби спорот за клевета со британски „Сан“ и ќе треба да плати 840.000 долари судски трошоци
-->
По изгубениот судски спор за клевета против британскиот таблоид „Сан“, Џони Деп ќе треба на компанијата „Њуз груп њуспејперс“ да и исплати 840.000 долари за судски трошоци.
Судот минатиот месец одлучи дека називот „сопруготепач“ на медиумот, упатен кон глумецот, е вистина и не е навреда. Освен тоа, Деп го изгуби и правото на жалба по пресудата.
Уште повеќе, Џони Деп беше отпуштен од филмот во најава „Фантастични ѕверки 3“, каде што требаше да ја повтори улогата од вториот дел. Се говори дека ќе го замени данскиот глумец Мадс Микелсен. Филмот е во фаза на подготовки и е најавен за 2022 година.
Деп годинава се појави во драмата „Минамата“, и засега нема идни филмски ангажмани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ТикТок: Скопјанец чува мечка како домашно милениче
-
Транспаренси: Македонија историски најлошо рангирана според индексот на корупција
-
14 сведоци на судењето за "27 април"
-
Џафери: Пратениците ги проверуваше ДИК, не знам кој пратеник бил осуден за силување
-
Интерпелацијата на Димитров најрано во среда
-
Фајзер/Бионтек: Нашата вакцина е ефикасна и против мутациите на коронавирусот
-
Физички напад во казино во Кавадарци
-
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје: Ги поддржуваме барањата на камперите на езерото Треска