Џон Траволта испрати емотивна порака до Оливија Њутн Џон
Актерот Џон Траволта испрати емотивна порака до својата колешка од филмот „Брилијантин“, која неодамна откри дека ракот на дојката со кој прв пат се бореше уште во 1992 година се проширил.
- Оливија отсекогаш била неверојатно човечко суштество и инспирација на милиони луѓе. Ако сите своите мисли ги насочиме кон неа, да го надмине ова, а ја познавам многу добро, таа тоа ќе го почувствува и тоа ќе и даде повеќе сила. Ја сакаме и таа не сака нас, напиша Траволта во текстот за „Пипл“.
Актерката Оливија Њујтн Џон која поради тешката болест ги откажа сите настапи, се надева дека до крајот на годината повторно ќе се врати на своите обврски.
Таа практикува здрав начин на живот од моментот кога ракот прв пат и е дијагностициран, а основа и фондација за истражување и лекување на ракот. Исто така организира и кампањи против злоупотреба на животните
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд, грмежи и ветер
-
ПП-Демократска Бугарија го доби мандатот за формирање влада и веднаш го врати нереализиран
-
Пожар на дел од куќа во Кавадарци
-
Еден отстранет и дисциплинска за петмина полицајци за инцидентот пред тетовската болница
-
Пронајдено двегодишно девојче кое исчезна во Сиднеј
-
Им дал 800 евра а за возврат му ветиле дијаманти, измамен кумановец во Скопје
-
Избоден маж на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот