Свет
2. August 2015 - 8:54

Џон Кери во посета на Египет

Државниот секретар на САД, Џон Кери денеска во Каиро ќе разговара за продолжување на американско-египетскиот стратешки дијалог, кој беше прекинат во 2000 година поради политичките немири во Египет.

И покрај загриженоста поради состојбата со човековите права во Египет, администрацијата на претседателот Барак Обама ја зголемува воената помош бидејќи земјата се соочува со екстремистички закани, посебо на Синајскиот Полуостров.

САД во петокот му испорачаа на Египет осум авиони-ловци Ф-16.

Милитантите на Синајски Полуостров изведуваат се пософистицирани напади при што загинаа десетици египетски војници и полицајци.