Балкан
4. December 2015 - 11:01

Џон Кери во посета на Атина

Американскито државен секретар Џон Кери денеска ќе престојува во Атина, каде ќе разговара со претставници на грчката Влада. 

Како што јави АНА-МПА, Кери ќе има средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас, на која ќе присуствува и шефот на дипломатијата Никос Коѕиас. По оваа, предвидена е и одделна средба во четири очи на Кери и Коѕиас.  

Според најавите, главни теми на разговорите на Кери со неговите грчки домаќини ќе бидат билатерлните односи меѓу Атина и Вашингтон, енергетски прашања, бегалската криза, како и кипарскиот проблем. 

Кери пред Атина ја посети Никозија, каде со кипарските лидери разговараше за начините за надминување на проблемот со поделниот остров.