Џон Кери се заложи Велика Британија да остане во ЕУ
Американскиот државен секретар Џон Кери се заложи Велика Британија да остане во ЕУ, а Унијата да ги надмине сите свои сегашни предизвици.
- Интерес на САД е една силна Британија, да остане дел од силната Европска унија, изјави Кери.
Шефот на американскиот Стејт департмент прифаќа дека ЕУ се соочува со бројни предизвици, меѓу кои и со можниот излез на Британија, но изразил уверување дека од сегашната ситуација Унијата ќе излезе посилна, обединета и со изграден заеднички одговор на сите сегашни предизвици.
Ова не е првпат официјален Вашингтон да бара од Британците да не ја напуштаат Унијата.
Минатата година претседателот Барак Обама порача дека Британија „мора да остане во ЕУ“, за, како што рече, да продолжи да има влијание врз светска политичка сцена, а такви пораки има испраќано и државниот секретар Кери.
Пораката на секретарот Џон Кери доаѓа на само неколку денови пред Самитот на ЕУ, на кој би требало да биде прифатен договорот што Лондон и Брисел го постигнаа за британските барања за реформирање на Унијата.
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави во Хамбург на еден бизнис форум дека силно ќе агитира ( на референдумот во Британија) за тоа земјата да остане во ЕУ, доколку Унијата се согласи со британските услови за членство.
- Велика Британија е отворена држава и ние (Британците) не сакаме да се повлечеме од светот, рекол Камерон, одговарајќи на американските повици за потребата од присуството на Британија во ЕУ.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж