Џон Кери повика за итен прекин на огнот на цела територија на Сирија
Американскиот државен секретар Џон Кери повика за прекин на огнот на цела територија на Сирија, а посебно во градот Алепо, кој е бомбардиран од воено воздухопловните сили на режимот во Дамаск.
Тој телефонски разговарал со специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура и со координаторот на сириската опозиција Ријад Хиџаб. Кери денеска и утре ќе престојува во Женева, каде ќе оствари итни разговори за конфликтот во Сирија.
САД побараа од Русија да преземе мерки и да не дозволи сирискиот претседател Башар ал Асад да го прекршува повеќе прекинот на огнот. Стејт департментот смета дека за ескалирањето на конфликтот во градот Алепо е одговорен режимот на Асад, кој главно напаѓа цивили, а не групата „Џебхат ан Нусра“, како што тврди сирискиот лидер.
Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Москва нема да бара од силите на сирискиот режим да ги прекинат воздушните напади врз Алепо, бидејќи верува дека тие помагаат во борбата против џихадистичките групи.
- Ние нема да вршиме притисок на Дамаск, бидејќи мора да се разбере дека ситуацијата во Алепо е дел од борбата против терористичката закана, истакна заменик шефот на руската дипломатија Генади Гатилов.
Во меѓувреме, Катар бара итна средба на Арапската лига поради бомбардирањата на сириската армија врз градот Алепо, кои траат веќе десетина дена.
Според податоците на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, во текот на изминатата недела борбите во овој град се интензивирале, при што загинале повеќе од 200 луѓе.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари