Џолев: Кривичниот суд е апсолутно независен во одлучувањето
Претседателот на Кривичен суд Иван Џолев смета дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не ги посочува судиите од неговиот суд кога вели дека судиите се одговорни за мерките за определување или неопределување притвор.
-Кривичниот суд е апсолутно независен во одлучувањето и сметам дека се имаме оградено од сите можни влијанија од надвор при носењето на одлуките. Ги носиме согласно доказите и препораките на Судот за човекови права во Стразбур и Европската комисија. Одлуките се избалансирани, правични и европски и токму тоа е нотирано во извештајот на ЕК, рече Џолев на денешната средба со новинарите.
Според него, статистиката од изминатите две години покажува дека Судот прифатил најголем дел од барањата од СЈО и ОЈО за утврдување мерка притвор, кои подоцна од повисоките инстанци или на барање од обвинителствата биле преиначени или укинати.
Во врска со обвинувањето од СЈО дека нивните предмети во Кривичен суд трат предлого поради одложувањето на рочиштата, рече дека статистиката покажува оти одложувањата најчесто се поради отсуство на некој од обвинетите или адвокатите кои не се присутни поради друго судење.
За 15. предмети на СЈО посочи дека има насрочувања скоро секој ден, односно насрочени се 372 рочишта од кои 248 или 66 отсто се одржани, а 124 биле одложени. Тоа, како што кажа, покажува дека не држат обвинувањата оти Судот ги пролонгира постапките.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија