Фудбал
17. February 2019 - 17:17

Џирона го „тресна“ Реал на Сантјаго Бернабе

Фудбалерите на Реал Мадрид наместо да направат нов скок кон врвот на табелата во Примера непријатно ги изненадија своите фанови откако дозволија по водство од 1-0 да загубат на Сантјаго Бернабе со 2-1 од аутсајдерот Џирона. 
Домашните водеа со голот на Каземиро но гостите беа упорни и по играта на Рамос со рака Стуани во 65м израмнува на 1-1 а десетина минути подоцна Порту носи победа за Џирона која грчевито се бори за опстанок.