Живот
17. December 2015 - 20:14

Џиновско суштество, се преплашиле кога го пронашле овој пајак во нивната соба

Едно семејство во Австралија ги изненадил и преплашил огромен пајак кој се наоѓал над вратата на нивната кујна. Тие одлучиле да го фотографираат и да ја споделат фотографијата.
 
На сликата се гледа дека пајакот е уште поголем бидејќи се наоѓа под стакло. 
 
Каснувањето од овој пајак не е опасно по луѓето, но нивната големина може да ги престраши сите оние кои стравуваат од вакви суштества. Овој пост е прегледан повеќе од 9.000 пати за 12 часа.
 
Коментарите се различни, но најголем број од корисниците биле шокирани од огромниот пајак.
 
- Ве молам кажете дека се работи за лажен пајак - напишал еден од корисниците на Редит под фотографијата од ова суштество.
 
Некои коментирале и дека можеби е сликано под таков агол што би го зголемил пајакот, додека пак некои се воодушевиле од неговата убавина.