Свет
13. March 2016 - 18:02

Џихадистите се повлекуваат од ирачката покраина Анбар

Исламската држава (ИД) ги повлече денеска своите борци од градот Рутба во западната ирачка провинција Анбар, соопшти неименуван генерал од ирачката војска, пренесува Танјуг.

- Даеш (ИД) целосно се повлече од Рутба и појде кон Ал каим, изјавил генералот, зборувајќи за џихадистичкиот бастион на границата со Сирија.

Тој дополни дека вооружени припадници на ИД почнале да се повлекуваат минатата ноќ, а утрово завршиле со повлекувањето.

Градоначалникот на Рутба, Имад Ахмед, исто така потврди дека ИД се повлекла од тоа место. Тој оцени дека нивното повлекување е последица на претпрените загуби во Анбар и преземањето на контролата на Рамади од страна на ирачките безбедносни сили.