Свет
24. September 2015 - 15:12

Џихадистите нападнале воена база во Сирија, дел биле убиени дел заробени

Милитантите од ИСИС ја нападнале руската авио-база, според извештаите на руските медиуми, кои известија дека руските маринци се судриле со ИСИС во неделата во близина на Латакија во Сирија.

За време на овие борби маринците убиле повеќе припадници на милитантната организација, додека дел од нив биле фатени во обид да ја нападнат авио базата која ја користи руската војска, пренесува рускиот весник Севдоња.

Она што е интересно е деталот за кој пишува рускиот весник, а тоа е дека џихадистите “имале детален план на авио-базата и јасни сателитски слики со обележани клучни воени објекти”. Со тоа во предвид, треба да се напомене дека оваа база Русија ја користи само една недела. Оттаму се поставува прашањето кој им ги предал овие сателитски снимки и информации на ИСИС?

Руската активност на аеродромот се зголемила во петокот по пристигнувањето на напредните руски воени авиони, вклучително и СУ-30СМ Фланкер, који претставуваат еквиваленти на американските Ф/А-18Ф Хорнет. Ова летало се смета за едно од најнапредните авиони во рускиот инвентар со напредна авионика и широк спектар на достапни оружја.

Планирано е до следната година да се достават околу 60 вакви авиони.

Русија исто така доставила и тенкови, артилерија, борбени хеликоптери во Сирија и го подигна нивото на комуникација со САД на високо, со цел да не дојде до несогласувања на терен. За време на Студената војна, Москва и Вашингтон одржуваа “црвена телефонска линија”, што претставува своевидна алегорија на моменталната состојба и тензиите помеѓу овие две земји.