Џет-Сет
3. August 2016 - 9:04

Џиџи и Зајн се одлучија на голем чекор во нивната врска

Една од најбараните млади манекенки Џиџи Хадид и поп ѕвездата Зајн Малик по краткиот прекин на врската, сфатија дека не можат еден без друг, па сега се решија на голем чекор во зацврстување на нивниот однос.

Така, како што објави „Дејли Мирор“, изминатиот викенд 21-годишната Џиџи се вселила во куќата на 23-годишниот Зејн, што се наоѓа во луксузниот дел на Лос Анџелес.

Атрактивната двојка се заедно девет месеци, со мал прекин, а сега се подготвени на заеднички живот, откри неименуван извор за весникот.

Зејн наводно купил многу уметнички слики и нов мебел за заедничкиот дом за вљубената двојка, а на Џиџи и дал слободни раце за реновирање и понатамошно уредување на вилата.

Младата манекенка одлучи сепак да го задржи својот стан во Њујорк, за да имаат каде да претстојуваат кога работно се најдат во „Големото јаболко“.