Џет-Сет
12. December 2016 - 10:33

Џиџи Хадид „уловена“ како се развикува на поранешното момче на сестра и Бела

Пред нешто повеќе од една недела во Париз се оддржа годинешната ревија на „Викторијас Сикрет“, каде првпат на пистата чекореше манекенката Бела Хадид.

Покрај неа беше и нејзината сестра Џиџи, која оваа година по втор пат беше една од „ангелите на Викторија“, но и нејзиното поранешното момче Викенд, кој имаше свој настап.

Бела и Викенд се гледаа вљубено и се насмевнуваа на пистата или можеби само добро глумеа, но Џиџи не можеше да ги сокрие емоциите кога го виде несудениот зет.

Дваесет и едногодишната манекенка е снимена на една забава како му се развикува на славниот пејач. Иако од снимката не може да се разбера што му зборува, сепак говорот на телото јасно открива дека тоа не е нешто позитивно.

Во минатото, Џиџи беше многу блиска со момчето на нејзината сестрата, а често заедно одеа и на забави.