Македонија
6. May 2018 - 16:04

Џезаир Шаќири-Командант Хоџа нов советник на премиерот за безбедност!? - Хоџа потврди дека добил функција

Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Ова се речениците со кои Џезаир Шакири, познат како Командант Хоџа потврдува дека е ангажиран во Владата на Заев. Контроверзниот командант од 2001 година не кажува на која позиција е вработен, но се  дека Хоџа е ангажиран во кабинетот на премиерот, како советник за безбедност.

Претходно на својот профил Командантот напиша дека по изборите склучил политички договор со Заев да добие функција

„Добро е ако Заев го испочитувал договорот, бидејќи тоа е договор од голем интерес за двете страни. “, напиша Шаќири.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека не знае дали Комнадантот кој изминативе години беше во бегство  и поврзуван со вооружени групи во Танушевци во 2007та е ангажиран во кабиентот на Заев и на која позиција. Вети дека одговори за евентуалниот владин ангажаман на Командантот ќе добиеме утре.

Прв ангажирањето на Командант го објави Џевад Исеини, фунцинер на СДСМ. И пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири му ја честита функцијата.

Имајќи пред вид дека Командант Хоџа  е во лоши односи со ДУИ, најверојатно тој во Владата е ангажаиран како предлог на СДСМ.

На ова реагираа од опозциската ВМРО – ДПМНЕ.

-Информациите дека Џезаир Шакири влегува во Владата се загрижувачки. Тоа што владата два дена нема информација дали тој е ангажиран или не е доказ за срамните пазарења кои што се прават. Ако немаат проста информација за тоа кој работи во владата, тогаш какви информации имаат и можат да пласираат од министерството за транспарентност на оваа ненародна власт? Да не беше трагично, ќе беше смешно, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Командант Хоџа е учесник во воениот конфликт од 2001 година, ги раководеше припадниците на УЧК во Арачиново. Шакири пред две години објави информации според кои припадник на службите за безбедност имал контакти со вооружената група од кумановско Диво Насеље. Тој во 2001 година преживеа и атентат на Косово за кој се верува дека е поврзан со проневера на пари од фондот „Татковината повикува“. Командант Хоџа се поврзува и со убиство на полицаец во трговскиот центар Чаирчанка, а е и на црната листа на САД.