Македонија
11. May 2018 - 16:07

Џезаир Шакири-Хоџа се повлече од советничко место во кабинетот на Заев

Реакциите во јавноста биле причина Џезаир Шаќири Хоџа сам да побара раскинување на договорт со Владата каде беше ангажиран како надворешен соработник.

- Причината за тоа лежи во фактот дека медиумите во Македонија кренаа преголема врева за ова назначување. Единствениот политичар во Македонија  што ми укажал некаква шанса е премиерот Зоран Заев и тој единствено ја има мојата почит. Не сакам заради ова Македонија да трпи на својот пат за ЕУ и НАТО. Ако мислеа дека ми е до тие пари, се лажат. Еве им ги назад, не ми се потребни, вели Хоџа во изјава за МИА.

Дека соработникот со куса советничка кариера го завршил својот ангажман во владата, потврди и премиерот Заев.

 -Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата, истакна премиерот Зоран Заев.

Опозицијта жестокот реагираше на антгажирањето на поранешниот командант на УЧК кој е на црната листа на САД како соработник на премиерот.

ВМРО ДПМНЕ сега бара одговорност од Заев и владата за ангажирањето на Хоџа.

- Зоран Заев и сите оние кои што ги вршеле безбедносните проверки за Командантот Хоџа и препорачале тој да биде висок функционер мора да сносат одговорност. Пред само неколку дена дури и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го бранеше именувањето на Хоџа и не гледаше ништо спорно и контраверзно во фактот дека радикал од црната листа, чие име се поврзува и со убиство на полицаец, треба да го советува и премиерот и за полицијата.

Дека Хоџа е ангажиран во владата како сорабвотник против радикализам во понеделникот потврди премиерот Заев кој покрај политичката вметна и социјална димензија на ова кадровско решение. За случајот загриженопст изрази и американската амбасада во Скопје.