Живот
26. December 2018 - 13:03

Џез музичар свирел на гитара додека го оперирале од тумор на мозокот

Јужноафрикански џез музичар Муса Манзини свирел низ целиот свет, меѓутоа неодамна оддржал необичен настап - свирел гитара додека докторите му го оперирале мозокот.

Видео снимката од Манзини е направена за време на шестачасовната операција на тумор на мозокот, на која се гледа музичарот, опкружен од медицински лица, лежи во операциона сала и свири на гитарата.

Докторите одлучиле да го држат буден Манзини за да можат при текот на операцијата да проценат кои делови од мозокот функционираат и така да ја намалат опасноста од неуролошка штета.

Ново на Сител