Свет
4. December 2022 - 11:24

Џепар: Ова остана од Бахмут по руските напади | ВИДЕО |

Првата заменичка министерка за надворешни работи на Украина, Емине Џепар вчера објави снимки од градот Бахмут, кој руските сили со недели се обидуваат да го освојат.

– Оваа остана од Бахмут. Руските варвари ја користат истата тактика што ја користеа во Мариопоч, ако не можат да го заземат градот, со артилерија го претвораат во прав – наведе Џепар.

Претходно, британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија најверојатно планира да го опколи градот, што е лоциран во Доњецк, со тактичко напредување кон север и кон југ.

Според британското МО, заземањето на Бахмут би имало ограничена оперативна вредност, но потенцијално може да и овозможи на Русија да ги загрози Краматорск и Словјанск.