Џенифер Лоренс - Само пијана можев да снимам секс сцена
Џенифер Лоренс неодамна ја сними својата прва секс сцена, а, како што тврди, за да го стори тоа на снимањето со Крис Прат, претходно „добро се опијанила“.
Во интервју за „Холивуд Репортер“, Лоренс вели дека никогаш ништо не одбивала на снимањето на филмовите, па дури ни дерењето на кожата од вистинска верверичка во филмот „Winter Bone“, нодека снимањето на секс сцени за неа било „премногу бизарно“.
- Многу се опив, а тоа доведе до тоа што се чувствував многу потиштено кога дојдов дома. Што направив? Не знам, ми се вртеше во главата. А тој уште е и оженет. Тоа беше првпат да бакнам оженет човек, а вината е најголемо чувство. Знаев дека тоа ми е работа, но не можев тоа да му го објаснам на мојот желудник. И се јавив на мајка ми да прашам дали е тоа во ред. Бев многу ранлива, не знаев дали ќе претерам. Сакате се да биде реално, сакате тоа да го направите реално. Тогаш се чувствував најранливо, раскажа актерката.
Во последното издание „The Tonight Show“, Лоренс ги раскажа и нејзините најнепријатени моменти.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово