Џет-Сет
14. July 2016 - 22:49

Џенифер Анистон сита од медиумски фотографии со совршени женски тела

Актерката Џенифер Анистон (47) објави долга изјава каде зборува дека е сита од апсурдни и вознемирувачки испитувања на женски тела и срамни секојдневни медиумски бомбардирање за идеалите за совршеното женско тело.

- Само да се знае, не сум бремена, сита сум од сето ова. Тоа што поминува денешната жена кога е во прашање нејзиниот изглед не е во ред. Пораката која се испраќа на младите девојки е погрешна; дека не се убави доколку не се екстремно слаби или дека не се достојни за внимание доколу не изгледаат како супермодел или некоја акерка од насловните страници, изјави Анистон за „Хафингтон Пост“.

Ѕвездата на „Пријатели“ е свесна дека младите девојки ги впиваат овие, како што ги нарече, „токсични пораки закопани под наизглед безопасните приказни“.

Таа и нејзиниот сопруг Џастин Теро секојдневно се под будното око на новинарите и фотографите, а според нивните зборови агресивните папараци не се воздржуваат од ништо само за да добијат сочни фотографии.

- Јас многу мразам кога ќе успеат да ме натераат да се чувствувам лошо во врска со својот изглед само затоа што моето тело поминува низ промени и затоа што успеале да ме фотографираат од чуден агол и така ме осудат на две работи: бременост или дебелина“, додаде актерката.

Таа рече дека честитките за нејзината наводна бременост за која се дозна по пат на фотографии од медиумите, и оставиле впечаток и дека заради тоа одлучила да се обрати до медиумите.