Џет-Сет
25. October 2016 - 16:58

Џенифер Анистон ги налути фановите на Инстаграм

Познатата холивудска актерка Џенифер Анистон успеа со само една фотографија да ги налути своите следбеници на Инстаграм.

Таа објави фотографија на која се гледа како во рацете држи купче пари, што воопшто не им се допадна на нејзините следбеници.

- Она кога ќе пронајдеш пари во паричникот на кој целосно си заборавил, напиша актерката во коментарот на фотографијата.

„Недозволиво“, „мора тоа да бил огромен паричник“, се само некои од коментарите кои фановите и ги напишаа на Анистон.