„Џенерал моторс“ ќе произведе 30 илјади апарати за вештачка вентилација
Министерството за здравство на САД склучило договор со производителот на автомобили „Џенерал моторс“, за производство на 30 илјади апарати за вештачка вентилација на бели дробови во висина од 489,4 милиони долари.
Ова е прв договор за медицинска опрема според законот за одбранбено производство од 1950 година според кој американската индустрија мора да исполни државни нарачки за воени потреби. Претседателот Трамп најави дека ќе го искористи законот за борба против коронавируст, како за производсто на респиратори, белодорбни апарати за вештачка вентилација, маски и други средства за сузбивање на болеста Ковид-19
„ЏМ“ и компанијата „Вентек лајф системс“, специјализирана за произвотдство на медицинска опрема, треба до крајот на август да изработат 30 илјади апарати, притоа 6.100 единици треба да бидат испорачани до 1 јуни.
Според договорот, цената на секој апарат чини 16 илјади американски долари, или пониско од пазарната цена која е околу 50 илјади долари, а за што претходно напомнаа и властите на Њујорк.
Минатата недела и друг американски автопроизводител, „Форд мотор“, исто така соопшти дека заедно со подружница специјализирана за медицинска опрема на „Џенерал електрик“, ќе произведат 50 илјади апарати во наредните 100 денови.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор