-->
-->
Џексон бара да се воведе шут за 4 поени во НБА лигата
-->
Еден до најтрофејните тренери во историјата на НБА лигата а сега претседател на Њујорк Никс, Фил Џексон изјави дека е време за револуционерни промени во најсилната кошаркарска лига.
Џексон како прво предлага да се воведе шут за 4 поени за удар од 10,6 метри.
„ Со воведувањето на тн 4-ка тимовите кои заостануваат резултатски добиваат шанса да се вратат во игра. Исто така мислам дека нападот од 24 секунди треба да се врати на 30 за да им се даде на играчите можност што почесто преку побројни додавања да влезат во игра а не само да бидат статисти“-смета Џексон.
Американските медиуми веднаш објавија дека НБА преку развојната лига ги тестира сите предлози и можно да се воведе удар за 4 поени од 9 метри но што се однесува до времето за напад тешко дека ќе се продолжи бидејќи правилото за напад од 24 секунди ја направи кошарката многу подинамична и поатрактивна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање