-->
-->
Џеки Чен си ја избрка ќерка му од дома: Сега таа живее како бездомник, а многумина го оправдуваат поради одлуката
-->
Ќерката на Џеки Чен, 19-годишната Ета Нг Чок Лам и нејзината девојка, Kанаѓанката Енди Отом живеат како бездомници поради хомофобните родители кои не им дозволуваат да бидат заедно.
Тие две снимиле видео и го објавиле на Јутјуб страната, а нивната приказна многу брзо стана вирална на Интернeт. Сега за овој случај зборуваат и светските медиуми.
-Здраво, јас сум ќерката на Џеки Чен, а ова е мојата девојка Енди. Живееме како бездомници веќе еден месец поради нашите родители кои се хомофоби. Спиеме под мост, бидејќи никој не сака да ни помогне, рекла Ета на видеото.
Девојките истакнуваат дека тие завршиле на улица и дека се беспомошни. Тие велат дека стравуваат од државните засолништа во Хонг Конг кои ги одбегнуваат бидејќи се сигурни дека ќе ги разделат.
-Не сфаќам што се случува. Побаравме помош, но на никој не му е грижа. Поради тоа го снимаме ова видео, бидејќи не знаеме што да правиме. Се сакаме, но се обидуваат да не разделат, рекле девојките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
-
Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија
-
САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција