Македонија
26. January 2016 - 19:37

Џејсон Kатз: Независно дали Заев ќе ги бојкотира изборите или не, Груевски ќе победи

Македонија има евидентен екомски и политички напредок, а Никола Груевски ќе биде реизбран за претседател на Владата на следните парламентарни избори – пишува колумнистот Џејсон Катз во еден од водечките весници во Вашингтон, Дејли Колер.

Само 10 години по изборот на Никола Груевски за премиер, оваа република со малку над два милиони жители, постигна значителен економски раст и го унапреди својот статус како држава. Светската Банка ја рангира Македонија како 12-та држава во светот и 6-та во Европа по поволностите за водење на бизнис. Пред доаѓањето на Груевски на власт, Македонија беше пласирана 94-та. Дополнително, стапката на невработеност, која е главен економски и политички проблем во Југоисточна Европа, падна од 40 на 25 проценти, со 150.000 нови работни места отворени во мандатот на Груевски.

Во текстот се наведува дека, во рамките на политичкиот договор поддржан од ЕУ, се подготвуваат избори, на кои се очекува Груевски да се врати на премиерската функција, по предвиденото повлекување на три месеци пред изборите кое е со цел да се обезбеди коректноста на процесот.

Причината за овие избори е опозицискиот лидер Зоран Заев, кој се сомничи за поврзаност со ланскиот обид за државен удар поддржан од странство, и кој е осомничен и под активна истрага за илегално прислушување, уцена на владини функционери, вклучително и Груевски. Заев, по се изгледа во обид да ги држи во заложништво изборите поддржани од Европската Унија, повторно се заканува со нивен бојкот. Независно од се, Груевски повторно ќе се кандидира за премиер и се очекува да победи, пишува Катз.

Тој додава дека е време членките на ЕУ и НАТО да извршат притисок врз Грција да престане со изолирањето на Македонија. Според него забрзувањето на приемот на Македонија во НАТО и во ЕУ ќе доведе еден стабилен и одговорен играч во тимот.