Loading Video...
Кошарка
16. December 2018 - 15:55

Џејмс и Бол влегоа во историјата на НБА

 
 
Леброн Џејмс и Лонзо Бол станаа само вториот тандем во историјата на Лос Анџелес лејкерс, што запишале трипл-дабл на еден натпревар по Меџик Џонсон и Карим Абдул Џабар на 22 јануари 1982 година.
 
Двајцата го предводеа својот тим до триумф од 128-100 на гостувањето кај Шарлот. Џејмс имаше 24 поени, 12 скока и 11 асистенции, додека Бол натпреварот го заврши со 16 поени, 10 скока и 10 асистенции.
 
Трипл-дабл остварување имаше и Џејмс Харден кој во победата на Хјустон кај Мемфис со 105-97 запиша 32 поени, 12 скока и 10 асистенции
 
Пол Џорџ постигна 33 поени во триумфот на Оклахома од 110-104 против ЛА Клиперс, додека Блејк Грифин со 27 и Андре Драмонд  дабл-дабл со 19 поени и 20 скока го предводеа Детроит до победата со 113-104 над Бостон, прекинувајќи ја низата од осум победи на „Селтикси“ 
 
На останатите натпревари,Орландо ја победи Јута со 96-88, Феникс славеше над  Минесота со 107-99, а победа на гости оствари Чикаго кој со 98-93 се радуваше во Сан Антонио .