Џет-Сет
20. January 2016 - 17:36

Џејми Фокс спаси возач од автомобил кој гори

-Не ми е важно кој тоа го направи или што таа личност работи. Неверојатно ми е воопшто како некој тоа го направил. Плачам со солзи радосници. Брет има две сестри и брат, а тие не можат да го замислат живот без него, изјави Бред Кајл за АБЦ, татко на повредениот Брет, кој бил спасен од автомобил што гори од страна на актерот Џејми Фокс (48).

Џејми забележал автомобил што гори покрај патот, застанал и побрзал да помогне со уште еден сведок на несреќата. Пред телевизиските камери, актерот изјави дека неговото дело не го смета за херојство.

- Јас и другиот маж го скршивме прозорецот. Влегов во автомобилот. Не можев да го извлечам од појасот, кој се заплеткал околу неговиот врат, и го пресеков. Тогаш огнот влезе во кабината. Кога се ослободи од појасот успеа да се извлече низ прозорецот. Јас и другиот маж го извлековме, а автомобилот експлодира пет секунди подоцна, истакна Џејми, кој на Фејсбук објави фотографија на која го прегрнува таткото на Брет.

- Го запознав таткото на младиот човек од минатата ноќ. Најважно е дека синоќа е спасен живот на еден човек, син и брат. Господ сите нас не спаси, нема херои. Само среќни татковци, напиша Фокс.