Џеј Ло го ископира имиџот на 26 години помладата ѕвезда во најмодерната боја за 2019: Фановите занемеа кога ја видоа
Џиџи Хадид пред некој ден ја проба „хит" бојата за 2019 година и го распамети целиот свет. Штом од славниот Институт за бои Пантон се расчу дека во прашање е корал, младата манекенка ја прошета таа боја и деколтето низ Њујорк и го крена на нозе целиот град.
Меѓутоа по неа во овој тон се појави многу постарата Џенифер Лопез, и не разочара.
Пејачката се стегна во корално портокалов фустан на познат дизајнер, облече и сатенски мантил во иста боја, а демонстративно се качи и на неон чевли на високи потпетици, па целата комбинација ја „круниса“ со наочари со сонце со иста боја.
Уште никој моден критичар на светот не успеа да се осмели да пресуди на кој бојата и прилега повеќе. Фановите занемеја кога ги видоа фотографиите од самото место. Коментари имаше на сите страни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица