Џет-Сет
9. April 2016 - 18:36

Џеј Ло фатена во лага

Џенифер Лопез предизвика бурни реакции откако ги објави промотивните фотографии за новата песна „Ain't Your Mama“.

За омотот за новиот сингл „Ain't Your Mama“, објавен вчера, Џеј Ло искористила слика од пред 13 години.

Фотографијата е од снимањето во 2003 година за магазинот „Esquier“.

Фановите ја обвинија Џеј Ло и дека користела фотошоп.

Некои медиуми тврдат дека 46-годишната пејачка неодамна имала поголем број пластични операции со цел да се подмлади.