Џет-Сет
16. November 2015 - 23:39

Џеј Лено на концерт по повод Нобеловата награда за мир

Џеј Лено, поранешниот водител на популарното шоу „Tonight show“ ќе биде домакин на овогодинешниот концерт по повод доделувањето на Нобеловата награда за мир во Осло, соопштија денеска организаторите. 

Лено ќе биде главниот водител на церемонијата која ќе биде одржана на 11 декември во Теленор Арена во Норвешка. 

Нобеловата награда за мир за 2015 година е доделена на Тунискиот национален квартет за мир за „ одлучниот придонес во изградбата на плуралистичка демократија во Тунис“. 

Како што пренесуваат медиумите, концертот првпат ќе може да се гледа во живо на Јутјуб.