Живот
21. September 2015 - 15:46

Џебен билијард: Еве зошто мажите често го допираат својот пенис

Мистеријата која со години ги мачеше научниците конечно е решена. 

Голем дел од мажите сакаат да се опуштат: да легнат на кревет, да ја пуштат омилена емисија, ги кренат нозете... и да ги стават рацете во или на панталоните. Многумина го допираат својот полов орган и на јавни места, заборавајќи дека некој може да ги види. 

Научиниците открија три причини зошто мажите често го прават тоа.

Го штитат својот "пакет"

Галењето на половиот огран чини мажите да се чуствуваат задоволно и безбедно, вели Ванеса ван Едвардс. На овој начин тие го штитат овој регион од надворешни влијанија, несвесно ја допираат оваа област кога се одмараат, бидејќи се чуствуваат опуштено кога знаат дека нивните најважни органи се надвор од опасност.

Се релаксираат

Триењето на стомакот или одредени делови на телот без еротски ефект го стимулираат лачењето на хормонот окситоцин, кој го смирува целиот организам, покажуваат резултатите од истражувањето објавено во "Frontiers in Psychology". Меѓутоа експерите ги советуваат мажите во деловно опкружување најдобро е да ги масираат рацете или пак вратот, во спротивно би ризикувале да добијат отказ.

Доминација

Да го пречекате бизнис-ривалот со раце во џебови, претставува потсвесна желба мажот да доминира, вели доктор Роб Киминијарек од Медицинскиот институт за алфа мажи. Насочување на вниманието на другите луѓе на овој дел од телото претставува обележување на неговата територија и јасно се гледа кој е главен.

Други не толку важно причини

Понекогаш се случува, пенисот или пак тестисите да се во непријатна позиција, па тие треба да се "прилагодат". Исто така мажите по желба го поместуваат пенисот на страната на која подобро им стои во фармерки.