Македонија
19. December 2017 - 8:43

Џафери во посета на Албанија

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Талат Џафери, а во чиј состав се и пратениците Ејуп Алими, Бети Рабаџиевска-Наумовска и Реџеп Мемеди, од денеска ќе престојува во тридневна посета на Република Албанија.

Предвидено е претседателот на Собранието, Џафери, за време на посетата да има средби со претседателот на Албанија, Илир Мета, со претседателот на албанскиот Парламент Грамоз Ручи, заменикот на претседателот на Владата, Сенида Меси и со лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша.

Последниот ден на неговата посета, предвидено е Џафери да го посети и Пустец, каде што ќе има средба со претставници на македонската заедница.