Македонија
11. February 2019 - 9:26

Џафери во официјална посета на Словенија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери престојува во официјална посета на Република Словенија, во чии рамки ќе се сретне со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија Дејан Жидан.

Џафери ќе има средби и со претседателот на Република Словенија Борут Пахор и претседателот на Владата, Марјан Шарец.

Покрај тоа, Џафери ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.

Во Програмата за посета е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот Збор и средба со координаторите на пратеничките групи.

Во состав на Делегацијата предводена од претседателот на Собранието ќе бидат и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија Фросина Ташевска – Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Групата за соработка Нада Ципушева, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Република Словенија и Шпреса Хадри, исто така член на Групата за соработка.