Македонија
13. February 2019 - 9:02

Џафери во Албанија ќе присуствува на ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО

Претседателот на Собранието на Северна Република Македонија Талат Џафери денеска ќе отпатува во работна посета во Република Албанија.
 
Како што информира собраниската прес-служба, Џафери во Албанија на утре ќе присуствува на пленарната седница на Собранието на Република Албанија на која ќе се ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО